fbpx
Д-р Вело Марковски: Веднаш да се укинат полициски часови и сите мерки

Д-р Вело Марковски: Веднаш да се укинат полициски часови и сите мерки

Доктор Вело Марковски, порано вработен на скопската инфективна клиника, важи за еден од оние доктори кои од почетокот на оваа криза, зборуваше малку поинаку од останатите, односно тврдеше дека овој вирус не е толку вирулентен и опасен како што се претставува.

Тој на почетокот апелираше до своите колеги инфектолози да не ги ставаат пациентите на респиратор, освен во крајна нужда, бидејќи кај некои пациенти респираторот може да направи контра-ефект.

Од денешна гледна точка, ова негово тврдење се испостави како точно, бидејќи статистиката покажува огромен процент на поч инати пациенти, кои биле ставени на респиратор.  Марковски завчера гостуваше во емисијата ,,Фактор здравје” ги изнесе своите најнови сознанија околу Ковд-19.

Тој укажа дека сега, после повеќе од два месеци од прогласувањето на пандемијата, веќе има посериозни студии поврзани со Ковид-19, но дека и најновите сознанија кои доаѓаат пред сè од Америка, Италија, Шпанија и други земји, не се разликуваат многу од оние кои на почетокот дојдоа од Кина.

Вирусот според него не е многу вирулентен, см ртноста останала на многу ниско ниво, а повеќе од 70-80 проценти од заразените поминуваат со лесна слика.

Д-р Вело Марковски се спротивставува на инсистирањето дека во светот има 5 милиони заразени. Според него, некој што е позитивен на тестот, не значи дека е и болен, па така според Марковски, оваа бројка е многу помала.

Тој вели дека бројките за поч инати кои доаѓаа од Италија се нереални и дека таму најверојатно многу пациенти кои поч инале од други болести, биле евидентирани како Корона.

Како позитивен пример за земји од кои треба да се учи и земаат искуства за во иднина, Марковски ги спомена Русија и Турција, каде бројот на поч инати е многу мал и покрај големиот број на позитивни.

Д-р Марковски во интервјуто изјави дека би требало комисијата за заразни болести да размисли и да ги укине сите полициски часови и останати мерки, бидејќи на овој начин ние кога би стекнале колективен имунитет. Вака би оделе во недоглед.

Би требало да почнеме нормално да живееме и да видиме како ќе биде. Ако нешто драстично се врати пикот, може пак да се вратат рестриктивните мерки.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: