November 13, 2019

Булевар

На вистинското место

Кучето си го испратив во Америка за да го спасам од Македонија

Мечо замина.За Америка
Со надеж дека таму ќе имаш љубов како мојата, и мир и сигурност какви немаше овде. Лошите луѓе остануваат овде да гнијат заедно со нас кои не го заслужуваме тоа, но ти барем имаш можност за поинаков живот таму.
Летај Мечо…и НЕ НАГИЊИ СЕ КРОЗ ПРОЗОР!

Легендарниот радиоводител и диџеј Драган Б. Костиќ го испрати своето куче, што го имаше прибрано од улица, шарпланинецот Мечо, за САД, за, како што вели, да го спаси од лошите луѓе во Македонија.

Иницијативата да го спаси Мечо дошла преку пејачката Тања Станковиќ, која живее во САД и која пред извесно време била во Македонија. Станковиќ и преку Фејсбук апелираше да се спаси Мечо.

Мечо ќе биде пречекан со бел џип и со натпис „Добредојде Мечо во САД“Image may contain: car, tree, sky and outdoor

„На Мечо му се закануваа, се обидоа да го отрујат, двапати го вадев од Вардариште. А, тој беше чувар на една цела област, кај нас во Лисиче. Имав средби и со оваа и со претходната власт. Власта се менува, а за животните никој не се грижи. Мечо ќе се смести кај една судијка во Њујорк, која потоа ќе му најде постојан дом. Сакав да го спасам од лоши луѓе овде. Да можам, и јас би заминал во САД да се спасам, ама стар сум, не ме примаат“, ни рече тој.

Костиќ двапати го спасувал Мечо од Вардариште

Костиќ додава дека следи до каде е патувањето на Мечо и сега тој е во Полска. Во САД ќе биде пречекан со бел џип и со натпис „Добредојде Мечо во САД“.

„Оваа приказна за улично куче е посилна и покорисна од оние стотина активисти кои (со сета љубов за животните) попусто протестираат“, вели тој.

Б. НЕСТОРОСКА

Извор: Сдк.Мк

%d bloggers like this: