November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Легендата на Ф1 остави големи сеќавања – Nikki Lauda (1949-2019)

Niki Lauda легендата на Формула 1 трикратниот шампион утрово почина од непознати причини но дефинитивно ќе биде запамтен како легендата која го промени мотоспортот. Ники познат по најголемото ривалство заедно со Џамес Хант кој беше неговиот ривал во седумдесетите ја испишаа историја во формула 1 . Ова ривалство на Ники му донесе тешки повреди односно удар во заштитната ограда каде што неговиот болид изгоре со тоа и делови од неговото лице. Помина 2 месеци во болница каде што го гледаше неговиот ривал Хант како ги освојува подиумите.

Ники се врати да го земе првото место по 2 месеци, беше пречекан како херој по таква страотна несреќа ретко кој би имал нормални мисли и свест да продолжи со формула 1, ова само докажува колку луѓето можат да се загубат во компетитвноста и да се коцкаат со нивниот живот само за да добијат нешто – ова се Ники Лауда и Џамес Хант. Формула во седумдесетите била едиснтвена атракција за луѓето кои биле акупирани со мотоспортот, безбедносни системи немало, направен болид хардкор од чист челик и мотор, кој знае да вози знае, талентот пред се, тоа било таканаречено „преживување на стаза“ .

Тешка психологија е кога човекот што возел до вас, веќе нема да вози наредниот круг така границите ги притискале до самиот крај. Било лудо време да бидете Ф1 шофер па затоа ова време создало и многу легенди и сеќавања кои мотоспортот ќе ги памети.

%d bloggers like this: