August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Лео Нелоски од Охрид влезе во книгата на Гиносови рекорди

Ученикот Лео Нелоски влезе во Книгата на гинисови рекорди како учесник на најбројниот абакус час, одржан во Обединетите Арапски Емирати во Дубаи на 24. Ноември 2018 година, соопштија од ОУ „Григор Прличев“ во кое учи Нелоски.

Училиштето се гордее со ученикот кој на истиот тој настан освои пехар во областа ментална аритметика, а е успешен и на други полиња.

На Манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември –месец на науката“ ученикот освои прва награда од областа географија и втора награда од областа природни науки, се вели во соопштението од училиштето.

Публицитет.мк

%d bloggers like this: