Browse By

Advertising

Ако сакате некого, сакајте го со цело срце или пуштете го да си оди

Кога сакате некоја личност, сакајте ја со целото свое срце, и без услови.
Ќе дојдат денови кога тие ќе ве вадат од такт, сепак сетете се дека ги сакате. Сакајте ги без страв од иднината и последиците. Пречекајте ја љубовта со отворени раце и заблагодарете се на можноста да запознаете личност како нив.
Отворете го срцето целосно, бидете ранливи, но бидете храбри.
Дозволете да сакате и да бидете сакани. Но, не сакајте половично, сакајте со целото срце. Сфатете дека кога сакате некого, вие добивате. Дозволете и на другата личност да ги види деловите од вас кои не се совршени. Не се плашете и не се срамете.
Да се биде заљубен никогаш не е безбеден облог, не постои прирачник за тоа и не постојат гаранции. Заљубеноста е полесна од сакањето. Тоа бара жртви и бара посветеност.
Сакајте со целото срце, или не сакајте воопшто.
Извор: kurir.mk