Мајка и син измамени, лажно ветување за работа во Германија
February 24, 2020

Булевар

На вистинското место

Мајка и син измамени, лажно ветување за работа во Германија

Мајка и син од тетовска Палатица во полиција пријавиле дека 34 годишник од соседното Требош ги измамил и им зел пари со лажно ветување дека ќе им помогне да добијат работа во Германија. Тој во неколку наврати им земал пари, па поради тоа тие се одлучиле да го пријават за измама.

– Ќ.Н.(35) и неговата мајка Ш.Н.(62) од тетовското село Палатица пријавиле дека А.К.(34) од тетовското село Требош во неколку наврати ги измамил и ги оштетил за 79.000 денари. Според пријавеното, тој им ветувал дека ќе им помогне да добијат работна виза за Германија и старосни и социјални пензии. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

%d bloggers like this: