November 15, 2019

Булевар

На вистинското место

Македонците со бугарски пасоши ќе ги загубат бугарските државјанства?

Најавата на бугарскиот премиер Борисов за ревизија на издадените бугарски пасоши во последните пет години ги загрижи македонските граѓани кои поседуваат двојно државјанство.

Што значи ваквата проверка и дали истата ќе се одрази врз нив и постои ли можност за евентуално губење на правото на бугарски пасош?

Ова се само дел од прашањата кои граѓаните ги поставуваат откако излезе ваквата вест. Со истите прашања и дилеми голем број граѓани се обратиле и до бугарскиот културен клуб во Струмица. Од таму велат дека место за загриженост нема бидејќи македонците кои се стекнале со право и на бугарски пасош тоа го имаат направено легално и со претходно докажување на нивното потекло.

Сметам дека целата оваа ситуација нема никако да влијае врз обичниот македонски граѓанин кој има веќе стекнато право на бугарско државјанство т.е. веќе има бугарски пасош. Зошто го велам тоа, затоа што македонските државјани аплицираат по линија на натурализација, значи тие треба да докажат свое потекло за да може да добијат државјанство. Тие најчесто и го прават, фактички принудени се тоа да го направат и по таа линија апсолутно нема начин некој да биде засегнат, вели Лазар Младенов, Бугарски културен клуб- Скопје.

Според Младенов ревизијата има за цел да ги утврди евенетуалните незаконски издадени државјанства.

Ако се е во ред со водењето на нивната процедура за добивање на бугарско државјанство нема зошто, нема начин да им биде земено тоа државјанство. Ако се криминално пројавени или ако не дај Боже некој пробал со фалсификувани документи да докажува државјанство, мислам бугарско потекло тогаш нормално оти тие ќе бидат санкционирани.,, вели Младенов.

Од бугарскиот културен клуб очекуваат решавањето на ситуацијтаа околу издавањето на бугарските пасоши да придонесе за расчистување на целиот тој процес кој во изминатиите години се одвиваше прилично бавно. Од таму велат сето ова ќе резултира со засилени проверки, но најверојатно и со измени во самата процедура која ќе овозможи процесот да тече многу побрзо. Според пишувањата на тамошните медиуми Бугарија од 2014 година издала околу 40 000 пасоши на жители на други држави. Најголем интерес имало во Македонија, а потоа следуваат Украина, Молдавија, Србија и Русија.

извор zase.mk

%d bloggers like this: