November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Гест за поздравување: Ресенски мотел дел од своите приходи секој месец ќе ги донира во хуманитарни цели

Се сеќавате ли на мотелот кој минатата зима за време на снежните денови кога патиштата беа завеани им понуди бесплатно сместување на сите кои се нашле во Ресен?

Да тоа е мотелот Мајска Роса кој денеска ја најави хуманитарната акција која започнува уште на 14 октомври. Мотелот најавува дека 5 проценти од целокупните приходи од резервации на сместување без разлика дали директно, преку Booking или Expedia ќе ги донира во хуманитарни цели.

-Почнувајќи од Понеделник ( 14.10 ) започнуваме со хуманитарна акција , која се надеваме ќе биде поттик и за другите. Имено, се работи за следново:

Со секоја наплатена резервација, без разлика дали е преку Booking или Еxpedia, или обична резервација, 5% од вредноста на износот на крајот од секој месец ќе одат во хуманитарни цели, за оние на кои е најпотребно.

ОД СРЦЕ ЗА СЕКОГО 💟, објавија од Мотел Мајска Роса – Ресен.

%d bloggers like this: