August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Македонските ренџери заедно со балканските колеги ја оддржаа најголемата регионална воена вежба

Во Хрватска деновиве се одржува најголемата регионална воена вежба „Итен одговор 19“ (Immediate Response 19), на која учествуваат над илјада војници од 15 земји. Меѓу нив и 30 припадници на македонскиот Ренџерски баталјон со 7 возила.(Фото: СДК.МК)

„Чест и задоволство ми е што сме дел од вежбата ’Immediate Response 19‘. Воедно, ова е шанса да промовираме мир, да ги усогласиме техниките, процедурите, да размениме искуства и знаење помеѓу различни армии од различни земји. Нашата земја учествува со еден извидувачки вод и со штабен елемент во склоп на тој мултинационален баталјон. За време на обуката, нашите цели кои сакаме да ги реализираме, тоа се специјално извидување и директни акции. Приоритет е промовирање на нашата земја, на нашата единица, Ренџерскиот баталјон, како и поддршка на главните цели на оваа вежба“, вели мајор Дејан Алексиќ, најстар национален претставник и офицер за врска.
(Фото: СДК.МК)

Вежбата трае 18 дена. Првата фаза е интеграција и интероперабилност, потоа почнуваат подготовки за извршување на главната задача, а тоа е транспорт на меѓународен баталјон од Слуњ, Хрватска до Капошвар, Унгарија. На 29 мај е предвиден ден за високи гости, меѓу нив и македонски, и пред нив ќе бидат демонстрирани тактики, техники и процедури во склоп на планираните задачи и мисии за оваа вежба.
Повеќе на : сакамдакажам.мк

%d bloggers like this: