Browse By

Advertising

Во овие земји може да најдете работа со македонски пасош

Македонците кои не поседуваат некој од европските пасоши, сега ќе можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот.

Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза.

Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.

Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор.

Во продолжение дефицитарните кадри во овие земји

Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца.

Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор

Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.

Словенија е земја во која што најмногу се бараат градежни работници и шофери од Македонија.

Исто така и во Словенија со македонски пасош можи да се работи, но потребно е сопствениците на фирмата каде барате работа да ви обезбедат работна виза, како и привремена лична карта, која што можите да ја земите и од Словенската амбасада во Македонија.

Платите се движат од 800 евра па нагоре, за шофери достигнуваат и до 3.000 евра месечно.

Во Црна Гора, македонците работат и за 600 евра месечно + бакшиш, но со оглед дека оваа земја е туристички развиена, работата во неа е претежно во летниот период.

Извор: Vecer.mk