October 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Млад полициски академец згрижил 34 кучиња скитници во својот двор

Дури 34 улични кучиња, поголемиот дел со некаков хендикеп предизвикан од суровоста на луѓето, веќе пет години ја уживаат комплетната грижа и љубов на младиот дипломиран, но невработен полициски академец, Влатко Заткоски од Кривогаштани. Тој, разочаран од негрижата на институциите, а поттикнат од силната љубов кон животните, својот двор, го претворил во вистински приватен стационар за бездомни кучиња, каде овие негови пријатели редовно добиваат: храна, здравствена помош и многу посветена љубов.

За малата, селска средина во која ја реализира оваа своја хумана мисија, Влатко е еден голем чудак, но како што вели самиот, одамна престанал да се обѕрнува на тоа. За него е битно само неговите миленици да ги тргне од улицата, а уште повеќе од лошите сопственици кои се изживуваат со нив.

За да им ги спаси животите, Влатко го дава и последниот денар. Вели дека помошта што ја собира од донации е минимална во однос на она што реално треба да се потроши, бидејќи поголемиот дел од кучињата доаѓаат со сериозни повреди, па оперативните зафати не се реткост, а тие се скапи. Преземено од : https://alfa.mk/

%d bloggers like this: