November 12, 2019

Булевар

На вистинското место

Момче од Хонг Конг на Фејсбук ја бара девојката со која се сликал во Охрид


Момче од Хонгконг, преку објава на Фејсбук, во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош со цел да ја најде девојката со која се сликал во Охрид.

Ако не ја познавате, но сметате дека ова е интересно, ќе ценам ако можете да ми помогнете што повеќе да се рашири оваа објава, пишува момчето на Фејсбук.

-Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7 октомври. Црквите, езерото, времето, тој е прекрасен град. Но, една мала случка го направи мојот впечаток за Охрид уште понезаборавен. Еве што се случи. Околу 11:30 часот, одев кон местото за ручек со други учесници од турата. Одеднаш, една девојка ми побара да се сликаме.

Најпрво се шокирав, но реков ок и ова е фотографијата- пишува момчето на Фејсбук.

%d bloggers like this: