August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Момче уапсено на „Рекорд“, цртал 1312 на подот на улицата

На социјалните мрежи се појавија видео и фотографии на кои се гледа како полицијата апси момче. Образложението на социјлните мрежи е следново:

„На Рекорд еден дечко си протестира против цајкани, со напишан графит на земја. Дојдоа три цајкани на точаци. Дечкото почна да ги снима и се обиде да избега. Кога почна да трча, еден друг човек (не еден од цајканите) му се фрли и го струполи дечкото. Кукавиците цајкани одлучија во тој момент да му се фрлат на земја и да го задржат. (Тој што го нападна си отиде без едно чао да му кажат цајканите.) После го држеа на земја и му ставија лисици, чекајќи да дојде поддршка за овој еден протестант. Дојдоа две коли и го ставија во една од нив. Кога ги прашав што направил дечкото за да заслужи апсење, тврдеа дека биле нападнати од него.

Фала што нѐ штитите од тие кои вистински ја загрозуваат македонската безбедност: демонстрантите!

(И се разбира дека моментот кога едноставно се приближи едно зачудено и мирно ромско дете, еден од кукавиците му се раздра „Бегај бе!“)

(И кога еден од страна им кажа нешто во стил на „Срам да ви е!“ беше заканет со апсење.)“, стои во објавата на ФБ.

%d bloggers like this: