August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Националното IQ на Македонија е 82 – Лица со IQ 82 годишно заработуваат по 43.000 долари годишно

Kоефициентот на интелигенција на национално ниво во Македонија е 82 бода и е најнизок во регионот. Албанија има исто така државно IQ од 82, додека Србија има 90, Словенија 99, Хрватска 96, БиХ 89, додека Црна Гора 86, покажуваат резултатите од најновото истражување на светската интелигенција.

Најдобрите резултати во Европа ги има Белорусија со 102 бода, а веднаш по неа се Финска, Холандија, Германија, Естонија и Лихтенштајн со IQ од 101 бод.

Податоците се објавени во книгата „Интелигенцијата на нациите“ издадена во април годинава.

Од друга страна ..

Според истражувањата на Пол Којманс, дизајнер на тестови за интелигенција од Холандија, резултатите од 80 до 89, значат дека овие лица се над прагот на нормално независно функционирање. Можат да вршат рутински експлицитни и практични работи беа надзор, се додека нема моменти да се направи некаков избор.

Според истражувања спроведени во САД, лицата со IQ од 82 бода, најчесто годишно заработувале околу 43.000 долари, и не можеле да добијат работно место каде што се бара извршување на комплицирани и комбинирани работни чекори, со цел да се дојде до успешно решение на работната задача.

https://paulcooijmans.com/intelligence/iq_ranges.html

%d bloggers like this: