September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Не плачи сега што детето ти личи на маж ти, а не на неговиот Мерцедес

И да, детето личи на него, а не на неговиот Мерцедес и сите го знаевме тоа, но ти не знам што очекуваше.

Отсекогаш на ум имаше таков маж.

Со кој ќе ја имаш вилата од соништата и префинетиот црн автомобил што сјае. Сакаше гламурозен живот по секоја цена.

Никогаш не се потруди сама да оствариш нешто за себе, но беше многу амбициозна за да го најдеш мажот од своите „соништа“.

А тој требаше да биде само многу, многу богат. И тоа беше сè.

Ако беше женет, велеше ќе го разведеш, ако не беше убав, велеше дека те возбудуваат моќни мажи, а не убави, па и тоа не ти беше проблем, ако беше женкар, велеше ти ќе го скротиш.

И зема токму таков. И сега неговото минато и неговите лоши навики те прогонуваат, но најмногу од сè ти пречи што твоето дете личи на него.

Ти, секогаш совршена, онаа која постојано нагласуваше колку секоја карактеристика на лицето е важна и ги исмејуваше другите сега имаш дете кое е комплетна копија на неговиот татко.

И да, детето личи на него, а не на неговиот Мерцедес и сите го знаевме тоа, но ти не знам што очекуваше.

И, според мене, нема неубаво дете, сите се прекрасни. Но, ти принцезичке сега се срамиш од тоа како твоето дете има мани, како не е совршено како тебе и дури го криеш од другите. Што има тие да знаеле како изгледа уште е мало.

Кога говориш за него не употребуваш суперлативи, не велиш моето бебе е најубаво, како секоја мајка.

Користиш термини од типот „ќе се разубави“, „како можеше целиот да личи на татко му“, па дури и на фотографиите му го затскриваш лицето.

Што направи погрешен избор на маж во животот направи, сега барем во улогата на мајка биди достојна. Време е да пораснеш, зарем не?

%d bloggers like this: