November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Неможе да најде ни еден работник: Mики нуди одлична плата од 500 евра за работа на неговата фарма со сместување и храна

Неверојатно е тоа што на огласот за работа, за одлична плата, никој не се пријавил веќе 60 дена.

“Немам работа” и “нема ниту денар во џебот” – се најчестите зборови кои со години ги слушаме од младите.

Жално е тоа што дека не само младите го велат тоа. Луѓето од различни старосни групи имаат проблем со наоѓањето на работа. Не само затоа што ја нема, туку затоа што се пребирливи.

Семејството на Михаел Чалаг (18) поседува голема фарма. Огромна фарма, да прецизираме, во Крешево покрај Сараево. Михаел веќе сега е главен на својот посед и работи од утро до мрак. Го обожава својот трактор, стоката, целиот имот.

Повреден од него нема да запознаете. Но, тој се мачи во последните два месеци да пронајде работник – пишува српски “Телеграф”.

“Сите за таа работа плаќаат по 200 евра, а јас нудам на почеток 500 евра и повторно никој не сака да се пријави. Тешко е да се најде овчар, никој не сака да го работи тоа, сите се прават господа. Никој се нема јавено веќе 2 месеци, барем да праша за условите”, рекол Михаел.

“Имам околу 350 овци. Работникот е задолжен да биде присутен тука постојано, обезбедено му е храна и сместување, а негова обврска е да ги храни овците, да гледа дали некоја ќе се објагни…”, објаснува Михаел.

%d bloggers like this: