September 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Несекојдневна глетка: Рис фотографиран во Националниот парк Маврово

Националниот парк Маврово на својата Facebook страница утрово објави фотографија на рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво.

Балканскиот рис сѐ уште се смета за критично загрозен вид. Околу 50 возрасни единки живеат на територија на целиот Југозападен Балкан.

Во Македонија има најмногу, можеби 30-40 возрасни единки, додека ситуацијата во Албанија и на Косово е навистина критична.

%d bloggers like this: