November 13, 2019

Булевар

На вистинското место

Никогаш не знаете што ќе се случи утре | Поучна приказна

Размислете за тоа како се однесувате и поставувате кон луѓето. Никогаш не се знае кога тоа ќе ви се врати!

Лела работела во голема фабрика за месо. Еден ден, кога таа завршила со работата во нејзината смена, отишла во замрзнувачот нешто да провери и во момент на невнимание вратата на фрижидерот се затворила и таа останала заробена.

Иако врескала и барала помош, никој не ја слушнал, затоа што сите веќе заминале дома, а фрижидерот бил изолиран, така што никој не можел да ја слушне, па дури и да бил во близина. Таа останала во премногу ладна просторија и знаела дека е осудена на смрт, ако го дочека утрото.

По неколку часа девојката веќе била речиси замрзната и се простувала од животот. Сепак, во одреден момент вратата ја отворил ноќниот чувар и ја извлекол од

Кога подоцна го прашала чуварот зошто дошол до фрижидерите и ја отворил вратата, иако тоа никогаш не била неговата вообичаена рутина, тој објаснил: ” Тука работам веќе 35 години. Десетина вработени секој ден излезуваат и влегуваат, но ти си една од ретките која ме поздравува секое утро и секоја вечер. Многумина ме третираат како да не постојам. Денес, кога дојде, ми рече: “Добро утро, како сте” и се насмевна. Но, после работното време сфатив дека не го слушнав твоето “Довидување, се гледаме утре. Тие зборови ме потсетуваат дека сум личност. Знаев дека нешто недостига, па почнав да барам низ фабриката. Така те пронајдов”.

ЛЕКЦИЈА: Однесувајте се кон луѓето со почит. И чуварот и чистачката се луѓе исто како и вие. Ценете ги луѓето кои умеат да зборуваат со доктор на науки, но и да бидат љубезни со некој кој во тој момент е на пониска позиција. Никогаш не знаете што ќе се случи утре.

%d bloggers like this: