October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Нов предизвик на дуото Шуклев и Николов: Со олд-тајмерот „Рено 4“ до Кина

Дуото Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов од Стојаково се подготвува за нова авантура: рута од 22.000 км од Стојаково до Пекинг – Кина, со олд-тајмерот „Рено 4“. За да стигнат до крајната дестинација, тие ќе возат низ Србија, Унгарија, Украина, Русија, Монголија и Кина.

Деновиве дуото ги прави последните подготовки и тестирања, со помош на техничкиот директор Глигор и наскоро треба да го соопштат датумот за нивното заминување.

Претходно тие успешно стигнаа од Стојаково до Ница, откако претходно го реставрираа олд-тајмерот „Рено 4“ старо 40 години. Тие имаа намера да тргнат на уште една авантура, до Мумбаи – Индија, но турата беше откажана поради безбедносни причини, поради заострувањето на односите помеѓу Пакистан и Индија.

Како што изјавија претходно, овој потфат е инициран од идејата да се возобнови и оспособи старо возило за нови патувања и да се почувствува тежината и емоциите на некогашните патувања, во слични услови, притоа спасувајќи го возилото од „забот на времето“.

%d bloggers like this: