December 6, 2019

Булевар

На вистинското место

Еве како да го решиме иселувањето, конечно решение !

Податоците за Македонија покажуваат дека во периодот од 2008 до 2018 година заминале 258.020 жители. Првиот сериозен бран на заминување е регистриран 2015-та кога земјава ја напуштиле околу 27.500 жители. Рекордот е направен лани кога во ЕУ мигрирале 33,337 жители.

61,3 отсто од македонските државјани побарале дозвола за престој во ЕУ, 16,7 отсто нелегално заминале во еврозонатам а скоро 22 проценти побарале азил.

„Рачунајте дека тоа се 24-25 илјади се само во 2018 година во земјите на ЕУ кои што се регистрирани. Меѓутоа, колку наши граѓани се заминати со бугарски пасоши и се пријавуваат како бугарски државјани е друго прашање. Колку наши се заминати надвор од земјите на Европската унија?“ .

„Ниту една институција нема официјален податок колку точно луѓе ги напуштиле границите на Македонија. Затоа демографите и натаму апелираат што побрзо да се спроведе пописот кој ќе ја даде точната слика за демографските процеси во земјава.

Албанија е лидер во регионот по бројот на иселени лица, за 10 години се иселиле речиси 1.250.000 луѓе. Најмалку, пак, од Црна Гора, 36 илјади жители.

Решение:

Груба калкулација еве земете ја последната година на изборите се околу 1 800 000 регистрирани гласачи, лани имавме иселено 33.000 со тоа што за 10 години мигрирале околу 250 000. Ако се интенвизира иселувањето би дошле од бројка до 300 000 и повеќе па така за помалку од 30 години тоа би било скоро 1 000 000 односно ќе нема кој да ги гласа нашите Македонски политичари зошто на овие избори искочиле 800 000 па може така да ќе го решиме проблемот со иселувањето .. Едноставно е само да продолжиме во ова зошто изгледа сме најдобри.

%d bloggers like this: