October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Она што момчево го направи за непознатата баба го воодушеви Балканот (ФОТО)

Српската православна црква овие денови прослави еден од најзначајните моменти во својата историја, 800 години независност. Ова, помеѓу останатото, се одбележа со света литургија во манатастирот Жича.

Помеѓу собраните верници една корисничка на Инстаграм, фотографирала глетка која ги растопи сите нејзини пријатели.

Бидејќи, врнело дожд, едно момче ја ставило раката над главата на бабичката пред него за да ја заштити од дождот.

„Цар“, „Фотографија на животот“, „Легенда“ – беа само некои од коментарите посветени на ова внимателно момче.

Едната е ќерка на свештеник, другата на оџа – Тие се најдобри другарки
Фотографијата која предизвика лавина позитивни коментари, и по која сите се согласија дека „светот би бил подобро место за живеење, кога би се огледале на децата“.

Колку пати и да сте слушнале дека детските срца се најчисти и најискрени и не знаат за омраза, поделби и разлики… оваа фотографија само ќе ги потврди овие зборови.

Станува збор за фотка од Прједор, каде две девојчиња одат на училиште со ранчиња на грбот. Иако на прв поглед изгледа дека овде нема ништо необично, многумина ги воодушеви фактот чии ќерки се овие девојчиња.

– Едната е ќерка на православен свештеник, а другата на оџа. Секој ден во дванаесет и петнаесет се наоѓаат на договореното место за да одат заедно на училиште. Детскиот свет не пати- стои во описот на фотографијата.

%d bloggers like this: