October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Ова е херојот на денот: Вработен во „Макпетрол” самиот спречи пожар и експлозија!

Вистинска катастрофа беше избегната во центарот на Скопје, на бензинската пумпа која се наоѓа наспроти соборниот храм. На бензинската пумпа избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Во исто време, поради опасноста од експлозија, полицијата го блокираше пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска.

Херојот на денот е еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол”, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.

За неговиот херојски чин, за “Лидер” раскажуваат граѓаните кои се затекнале во близина.


-Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита. – сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.

До “Лидер” граѓаните доставија и видео од хаосот кој се случувал на улиците на Скопје

%d bloggers like this: