October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Парадираме за работи кои ни се најмалку битни ?

Парадираме за работи кои ни се најмалку битни? Зошто го правиме тоа? Имаме луѓе кои се изчезнати повеќе од пола година, имаме најзагаден град во Европа, можеби не сега, но не гледаме некои мерки да се превземаат. Ќе  дојде грејната зима, имаме тон проблеми кои ни се од суштинска важност, но дефинитивно една од работите како што е парада на гордоста нема да ни помогне.

Кои ви се овие глупости ? Зошто ги двоите луѓето? Еве нека парадираат за Скопје како еко метропола, нека парадираат за животниот стандард, зошто ги делите? Ако сакате права нема со парада на гордоста да ги добиете. Еве едно решение: Нека се протестира секој ден за важни теми од секојдневниот живот, на пример за луѓето со даунов, луѓето со инвалидитет, луѓе кои навистина им е потребна помош, дали е тоа финансиска или било каква друга.

Кога веќе сме кај права, овие луѓе веќе се добро ситуирани. Зошто некој би ги проширил правата на нешто што веќе добро функционира? Дозволете да направам кратка паралела, овие луѓе можат разумно да одлучат самите што сакаат да бидат во животот, односно (правото на самоопределување) тоа е веќе еден чекор повисоко од она што еден човек како со даунов синдром или со силна дијагноза која не може да го натера да одлучува за работи од секојдневниот  живот, а од друга страна случаеви за дискриминација врз ЛГБТИ се помалку ги има, тоа доволно кажува како функционира и како добро се заштитени нивните права.

Ајде да им помогнеме на луѓето на кои навистина им е потребно и да си помогнеме сами , ова наликува на некоја повисока политика која треба да придонесе на голема слика некоја промена. Само ги злоупотребувате луѓето за некоја цел, веќе видено ..

Првата парада на гордоста ќе се одржи на 29 јуни во центарот на Скопје, како протест во кој ЛГБТИ луѓето бараат афирмација, заштита и поддршка на човековите права од страна на државните институции и сите граѓани, активисти, културни и уметнички работници кои имаат прогресивни ставови и вредности, и кои покажуваат солидарност и поддршка на оваа борба, најави денеска Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

 

%d bloggers like this: