November 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Патував од Виена со автобус и по еден час почувствував дека ме допира нечие БОСО СТАПАЛО: Неговото НАСМЕАНО ЛИЦЕ ме прогонуваше се до Панчево!

Дека се почести се ситуациите во кои жените на јавни места не се чувствуваат безбедно доказ е и виралната приказна на авторката Д.В која својата стресна ситуација на пат од Виена до Панчево ја споделила со пријателите на Фејсбук и предизвика бурни реакции.

Сигурни сме дека секоја жена, без оглед дали во мрачна улица, полупразен градски превоз во доцните часови, па дури и во лифтот од својата зграда, барем еднаш дошла во ситуација поради некој нападен маж да се чувствува загрозено и небезбедно. Некогаш само еден поглед е доволен, а некогаш и многу повеќе од тоа, како што е оваа приказна.

Своето искуство оваа жена го прераскажала на Фејсбук, а ние ви го пренесуваме во целост.

Влегувам во автобусот Виена – Панчево, ненападно облечена, со слушалки во ушите, без грам шминка, седнувам на своето место без никаква комуникација со околината. На столчето покрај моето ја ставам торбата.

Чувствувам како нешто ме допира по листовите од нозете. Спијам во седечка позиција, несвесна точно каде сум и само ја поместувам ногата накај себе. Чувството на допирање не исчезнува, туку станува се поинтензивно и почнувам да сфаќам дека не е ниту кеса ниту јакна. Отворам очи и гледам човек од седиштето од другата страна на автобусот како бос со своите стопала мртов ладен ме допира по моите нозе. Да се разбереме, јас прилично цврсто спијам, тоа морало да трае минимум десет минути за да ме разбуди.

Го погледнувам намќоресто, тој се смее и продолжува со стопалата да ме допира по колената. Многу грубо го прашав: ШТО ПРАВИТЕ? Вели „извини“ ме гледа директно во очите и продолжува предизвикувачки да ми се смее. Во тој момент посакав да му се пожалам на некого, но јасно ми е каде живеам, дека и возачот и кондуктерот се мажи, дека тој би рекол дека се шегува, а дека јас би испаднала хистерична и „не знае за шега“ жена и затоа молчам и се поместувам на седиштето до прозор и на делот од подот каде што ми беа нозете ставам кеса.

Три часа подоцна:
Излегуваме на граница поради пасошка контрола.
Тој чека на вратата да пројдам. Немам друга врата како опција. Поминувам покрај него, ме фаќа за раката, повторно ме гледа директно во очи, повторно иритантно се смешка и ми вели: ЗНАЕШ, ТОА НЕ БЕШЕ СЛУЧАЈНО. Ја тргам раката, го погледнувам намќоресто, не преговарам и продолжувам кон шалтерот како да е воздух.

%d bloggers like this: