November 11, 2019

Булевар

На вистинското место

Петковска: Вака се навива! Makedonija yo te quierooo! (Видео)

Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше во полуфиналето на Медитеранските игри 2018 кои се одржуваат во Тарагона, Шпанија.Ракометарките на Македонија во последниот натпревар во Групата Б, со резултат 26:21 го победија Египет и со три победи од четири натпревари се квалификуваа меѓу четирите најдобри репрезентации. Во полуфиналето ќе играме против домашната селекција на Шпанија која беше прва во Групата А. Во другото полуфинале играат репрезентациите на Црна Гора и Словенија.

Македонската репрезентативка Драгана Петковска на својот фејсбук профил објави видео од мали дечиња како навиваат за Македонија на шпански, кое што веројатно покрај победата е хајлајт на ракометниот ден.

Секако каде и да одат нашите девојки освојуваат 🙂

Допадливи и мотивирачки момчињата навиваат со сиот глас „Македонија те сакам“ или на шпански „Makedonija yo te quierooo “ 🙂 🙂

Погледнете:

%d bloggers like this: