Петти по ред меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски” Демир Хисар
February 24, 2020

Булевар

На вистинското место

Петти по ред меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски” Демир Хисар

Здружение не граѓани „Валентин Стефановски” го организира петтиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски” Демир Хисар.
Како и изминатите четири турнир, така и овој петти ќе биде еден од најдобро организираните турнири во мал фудбал во Македонија.
Здружението ги поканува сите љубител на малиот фудбал од целата држава да се пријаваат и да учествуваат овогодинешниот турнир.

https://www.facebook.com/turnirdemirhisar/photos/a.907911722582700/3339153939458454/?type=3&theater

Почитувани сограѓани, почитувани љубители на фудбалот, со чест ве покануваме на петтиот јубилеен меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски” – Демир Хисар.

Овој меморијален турнир кој се организира во чест и сеќавање на нашиот сограѓанин и другар Валентин Стефановски, прерасна во препознатливо спортско обележје за нашиот град, па затоа, исто како и изминатите години, Здружението на граѓани „Валентин Стефановски“ ќе се погрижи и оваа година овој меморијален турнир да го организира во најдобро светло. Поучени од грешките, со уште поголема самодоверба и желба, се надеваме дека овој петти по ред турнир ќе биде на едно позитвно скалило погоре од изминатите.

Ги покануваме сите заинтересирани екипи од цела држава, и тие кои веќе учествувале и оние кои се двоумеле за учество минатите години, да ни се приклучат и заедно да поминеме уште еден одличен турнир во мал фудбал, каде пред полни трибини ќе победи спортот, а со тоа сите заедно ќе му оддадеме почит на нашиот другар Валентин Стефановски.

Спортски поздрав,
Здружение на граѓани „Валентин Стефановски” – Демир Хисар

%d bloggers like this: