Browse By

Advertising

Пицерија нуди награда од 500 евра за секој кој сам ќе успее да ја изеде нивната фамилијарна пица

Пица ресторан во Даблин нуди 500 евра за секој кој може да го заврши нивниот пица предизвик, но, досега, никој не успеал да го стори тоа. Pinheads Pizza храбро ја нудат наградата доколку можете да ја изедете пицата од 81 сантиметар со два милкшејка, на едно седнување во пицеријата.

Сопственикот Ентони Кели тврди дека никој никогаш нема да го победи предизвикот и вели дека до 100 луѓе се обиделе, но тој допрва треба да најде шампион во јадење пица. Новинар од Даблин е еден од најновите „губитници“ во предизвикот. Кормак Ошеа успеал да изеде само 3 парчиња пица и ниту една голтка милкшејк.

Пицеријата има „ѕид на славните“ за секој кој ќе победи во натпреварот, но во моментов е сосема празен.

Извор: Motika.mk