October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

По 65 години брак, починале во ист ден

Харолд и Рут Кнапки беа во брак 65 години и ја негуваа својата љубов додека смртта не ги раздели. Денови пред да ја прослават 66-годишнината од стапувањето во брак, тие го напуштија овој свет во истиот ден.

Харолд починал утрото на 11 август, а Рут воздивнала за последен пат 11 часа подоцна, во собата во која живееле заедно во старечки дом во Охајо.

„Сметам дека сите се согласуваме дека не беше случајност. Кога мама се разболе, се обидовме јасно да му кажеме на тато дека таа нема да преживее, а тој на почетокот изгледаше доста растревожен. Но потоа, се смири и сметам дека одлучи: Не, таа нема да замине без мене“ – изјавила нивната ќерка Керол Роми.

Рут и Харолд се познавале уште од мали нозе. Започнале да се допишуваат за време на Втората светска војна, додека Харолд служел војска, но подоцна нивното пријателство преминало во љубовна врска. Рут секогаш се шегувала: „Му дозволив да трча по мене додека не го фатив!“. Парот стапил во брак на 20 август 1947 година. На нивниот некролог пишувало дека ќе ја прослават годишнината од бракот заедно во рајот.

Рут и Харолд израснале шест деца и им се радувале на 14 внучиња и 8 правнучиња.

„Веруваме дека тој сакаше да ја придружува при заминувањето од овој свет и при влегувањето во наредниот, и така направи“ – рекла нивната ќерка Маргарет Кнапки.

„Претпоставувам дека за мене најважниот дел од приказната беше тоа колку беа посветени еден на друг – лојални до самиот крај. Се поддржуваа и заштитуваа еден со друг и тоа беше убавиот дел. Вложуваа напори да бидат во брак 65 години. Тоа не се случи туку-така. Влегоа во брак со идејата дека тоа ќе трае вечно и така беше“ – изјавила Роми за CNN.

%d bloggers like this: