October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

По испеаната Божиќна песна од специјалната полицијата разбојникот се предал(видео)

Американецот Натаниел Луис, кој пукал врз полицијата и десет часа поминал под опсада од специјалните сили во областа Честер во Пенсилванија, се предал откако преговарачот му отпеал божиќна песна.
Луис (34) пукал врз полицајците кои дошле после пријавата на еден роднина дека се однесува непресметливо.
Куршумите од оружјето на Луис го погодиле полициското возило, една куќа и уште едно возило, за потоа полицајците да возвратат.
„Преговорите со Луис траеја долго во ноќта и тој пукаше врз полицијата и околните куќи“ – изјавил обвинителот Томас Хоган. Тој се предаде откако му беше испеана Божиќна песна од страна на преговарачот на специјалните сили.

%d bloggers like this: