December 6, 2019

Булевар

На вистинското место

Политичарите се подвижен џубокс, за гласови ќе ви ја пеат која песна сакате

Подвижен џубокс

И еве сме на почетокот на избори и цел маркетинг пр целосно посветени на тоа да се „направи подобро за луѓето во оваа земја“ што никогаш нема да го видиме/дочекате ни вие ни јас. Еве на страна подоброто зошто го нема и не размислуваме критички или негативно, едноставно нема добро односно има но не за обичниот човек кој сака да заработи некој денар чесно без да размислува „како да ја поеб*м спротивната страна“ или „со кој да снимам дует за да успее“. Епа еве обичниот човек нема веќе пари за џубокс и луксузи за да слуша само песни кои се од Југославија едноставно сам ќе си прави музика горе во Германија и така ќе си го реши проблемот е сега ќе му ја богати економијата на некој странски продуцент но тој има што да му даде „еве ти студио снимај“ и дефинитивно едни од подобрите песни се слушаат се почесто, еве вчера и претседателот на нашава прекрасна земја кажа дека „песните странски се успешни и ако не ти оди тука слободно пееј си горе“ што повеќе сакате ?

А нас што ни останува ? Ќе слушаме или ќе го банкротираме џубоксов ? Не, не може да дојде до банкрот многу усти зависат од тоа и кога зборам усти мислам на оние што викаат „Супер си на прес конференцијава“, „Убаво им кажа на овој говор со платите“ ,„Ауу тоа последното многу ми се допадна ги излажа за канализација“ итн. Е истите овие имаат перцепција дека тоа е „Снаоѓање“ не, не е, се лажете себе си односно вие сте „пијавица која цица додека има“ е овие луѓе имаат посебен жанр во музиката нешто што е од сите извадено и ставено во едно „ѓубре музика“ убаво е на звук но во практика нема смисла. Ако се пронајдовте извинете, тоа ми беше намерата.

Секс, дрога и рок н рол мотото е позачестено само на секс се мисли тоа како не е*ат од избори на избори, што сите се согласувааат освен овие „славејчињава“ погоре. Нашето решение е јасно како на Рок н Рол концерт ќе ја треснете гитарата од сцена и ќе си речете доста е, чартер летот и така завршувате, едноставно е. Се надевам овој текст е композиција на реалноста и ќе ве натера да размислите што правите тука во овие 25.000 км2 ? а ако не сте размислиле одговорот е ништо.

Што би рекол Игор „Една труба нон стоп труби“, имајте пријатен ден кај и да сте ..

Дин М

%d bloggers like this: