November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Посвои девојче со Даунов cиндром кое 20 семејства одбиле да го посвојат

Живее во италијанскиот град Наполи. Во јавните дебати се среќава со многумина кои се противат на идејата хомосексуалците да посвојуваат деца. Таквите ситуации ги користи за развивање на комуникација, а инсистира дека посвојувањето на едномесечното девојче Алба со Даунов синдром нема никаква врска со рушење на стереотипите.

Вели дека едноставно сака семејство. Кога слушнал дека Алба ја одбиле 20 семејства, знаел дека ја чекал токму неа, пренесува Upworthy.com.

Иако многумина сметаат дека идејата за посвојување на дете со посебни потреби е предизвик, Лука без размислување го отвори своето срце и ѝ даде дом на малата Алба. Знаел колку е тешко да се живее со болест, а тоа го потсетило на периодот од детството кога неговиот најдобар пријател добил дијагноза – карцином.

Промената на законот во 2017 година му овозможила да аплицира за да постои дете. Иако му рекле дека ќе може да добие дете со потешкотии или сериозна болест, Лука бил пресреќен поради тоа. Благодарејќи на личното искуство знаел дека има сила и можнпст да се грижи за проблемите кои би ги имало девојчето.

„Алба во потполност го промени мојот живот. Сега се сѐ врти околу неа. Ми донесе среќа и ме исполни. Горд сум што сум нејзин татко. Таа никогаш поради својата состојба не беше мој втор избор, туку јас ја сакам како ќерка. Тешко е да се биде самохран родител, но имам пријатели чии партнери по цел ден се на работа и исто така се борат како мене. Мислам дека е навистина тешко да се биде родител. Сега за себе ја гледам иднината. Остатокот од животот ќе бидам со детето кое го сакам и заедно ќе направиме многу фантастични работи“ – изјави тој.

Извор: Хаштаг

%d bloggers like this: