October 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Пожарникари спасувле пет деца што се заглавиле во лифт во Ново Лисиче

Пет млади луѓе од десетина минути по 23 часот се заглавени во лифт во скопската населба Ново Лисиче во општина Аеродром, објави „Експрес“.

Децата телефонски побарале помош од најблиските, но тие не успеале да им помогнат и на помош се повикани припадниците на противпожарната бригада на град Скопје.

Очевидци тврдат дека околу 23.30 минути противпожарно возило е забележано како се упатува кон зградата на булеварот „АСНОМ“ во близина на бензинската пумпа на „ОКТА“, црквата „Свети Јован Крстител“ и паркот познат како „Авионче“.

%d bloggers like this: