November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Прашање кое ги збунува идните возачи: Кој има предност на оваа раскрсница

На социјалните мрежи се појави прашање од полагање на тестови на идните возачи кое го има во речиси сите земји во регионот.Прашањето е навидум едноставно но не и одговорот. На сликата има раскрсница со три возила а пред нив знак „Стоп“ и т.н „превртен триаголник“.

Прашањето е кој има предност? Што мислите?

ГРЕШКИ ШТО ГИ ПРАВАТ речиси сите возачи, а можат скапо да ве чинат

Можеби ја имате возачката дозвола со години, па и децении, и се сметате за искусен возач, но има некои грешки што ги прават и повеќе од 70% од возачите.

Со овие грешки ја загрозуваат својата, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, како и добросостојбата на возилото.

Прочитајте го текстот за да дознаете дали вие правите некоја од овие грешки, а ако допрва станувате возач, научете каде не треба да грешите.

Ја држите раката на менувачот

Многу возачи имаат навика да ја држат раката на менувачот додека возат. На овој начин предизвикувате непотребни вибрации на рачката на менувачот, што праќа вибрации до менувачот на брзини и предизвикува оштетувања. Ако се оштетат деловите за движење на менувачот, може скапо да ве чини да ги смените.

Непотребно кочите

Сопирачките се еден од најважните делови во автомобилот и треба да ги чувате. Ако постојано и непотребно кочите, тоа значи дека за брзо време ќе ги истрошите. Затоа се препорачува да возите со прилагодена брзина на патот и да ја одржувате пропишаната оддалеченост од возилото пред вас.

Ги игнорирате чудните звуци

Ако слушнете шкрипење или тропање додека возите, задолжително проверете за што се работи. Ваквите ѕвуци најчесто предупредуваат дека некој дел од автомобилот е расипан или за кратко време ќе се расипе, па затоа не треба да ги игнорирате.

Ставате гориво кога стигнете до „резерва“

Статистиките покажуваат дека многу возачи не ја сфаќаат доволно сериозно сијаличката што сигнализира дека горивото е при крај. Многу мажи возачи сметаат дека кога ќе почне да трепка таа сијаличка, имаат уште добри 50 километри возење, а жените сметаат на 40 километри без да треба да го дополнат резервоарот. Вкупно 60% од возачите се убедени дека може да возат и до 60 километри откако ќе затрепка контролното светло.

Но, треба да знаете дека со ваквото неодговорно однесување може да ја оштетите пумпата за гориво и да дојде до прегревање. Ако ја оштетите, скапо ќе ве чини поправката. Со возењето на „резерва“ исто така може да го оштетите филтерот за гориво.

%d bloggers like this: