October 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Престанете да сте во филмот на квази џет сетот и јаките градски фаци и најдете си живот

Мразам луѓе што доцнат. Мразам луѓе кои се влечат како прдеж во гаќи и не знаат како да завршат две обврски во денот, бидејќи се вртат во круг и постојано се жалат како денот не им стигнува за ништо.

Но, најмногу ги мразам луѓето на кои им е престиж да се во друштво на некои познати градски фаци. Тоа што си немаат друго хоби или попаметна работа во животот си е нивен проблем, но тоа што решиле постојано да ги масираат сите околу нив со големиве животни победи го прави проблемов наш.

Не може човек раат да каже каде прошетал или што јадел или се напил.

„Седнавме таму и таму на кафе…“

– Ааа, газдата ми е многу добар пријател. Го знам, како не го знам. Знаеш што вози? Ееееј, да видиш што вози во гроб ќе се вртиш. „Шајка“ сме со него, секој ден сме на кафе.

Тие можеби си пружиле рака еднаш во животот, важно „шајка“ се. Кого го импресионирате со вашите познанства, многу сакам да знам.

Престиж ви е да сте во друштва на некој квази џет-сет што е вистинска смешка. Багра арогантни и неписмени суштества, ама пустите за едно селфи со нив душа ќе си продадете.

Престиж ви се криминалци, ѕвезди кои глумат само такви, невоспитани, луѓе кои немаат никаков осет со реалноста. Оние кои живеат во некој филм, а вие очајно сакате да добиете главна улога во истиот, иако не сте ништо повеќе од помошник за време на снимањето.

Дали сте се запрашале кому се трудите да му се допаднете? Кого и зошто сакате да го воодушевите, само да сте дел од тој некој круг на луѓе каде што очигледно не припаѓате?

Какво злосторство стана да кажеш дека не го познаваш тој и тој или таа и таа, некои си (очигледно) познати фацки кои го вртат градов.

Не ги познавам. Не ми се битни. Не ми значат ништо.

„Ама како не ги познаваш, лелееe, ти си првата што ми го рекла тоа“.
Повеќе на црнобело.мк

%d bloggers like this: