November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Професор на студенти им направил кафе, па им одржал лекција која ќе ја паметат цел живот

Група бивши студенти, навистина успешни во своите кариери се собрале заедно да го посетат нивниот универзитетски професор. Разговорот многу бргу се претворил во лелекања во врска со стресот во животот и на работното место.

Професорот им понудил кафе, отишол до кујната и се вратил со голем термос со кафе и разновидни шолји за кафе: порцелански, пластични, стаклени, кристални, дизајнирани, обични, некои биле скапи, други поевтини. Им кажал: „Послужете се“

Кога сите студенти веќе имале по една шолја во рацете, професорот рекол: „Ако забележавте, сите шолји што изгледаа скапо се зафатени, оставајќи ги неискористени оние обичните и евтините. Нормално е да го сакате најдоброто за себе, но истовремено тоа е и изворот на вашите проблеми и стресот.“

Бидете сигурни дека шолјата воопшто не му додава квалитет на кафето и не го подобрува. Во повеќето случаи само е поскапа и дури го крие она што го пиеме. Единствено што сакавте вие беше кафе, не шолјата, но вие свесно ги одбравте најубавите шолји… И почнавте да си ги загледувате меѓусебно шолјите.

Имајте го ова секогаш на ум: Животот е кафето; работата, парите и општествената положба се шолјите. Тоа се само алатки кои го држат и содржат животот, и видот на шолјата што ја имаме не го дефинира, ниту менува квалитетот на нашиот живот или начинот на кој го живееме.

Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, не успеваме да уживаме во кафето. Ценете го кафето, а не шолјите! Најсреќните луѓе немаат се од најдоброто. Тие само прават најдобро од се. Живејте едноставно. Сакајте безусловно. Грижете се длабоко. Зборувајте култирно.

извор: за се

%d bloggers like this: