September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Пропаѓаат милијарди евра, Мерцедес направи „гробишта“ за автомобили

Германската јавност ја заинтересира фотографијата на која се гледаат 9000 нови мерцедеси паркирани на 2,5 километарската авионска писта од воениот аеродром Ахлхорн.

Се работи за 9000 автомобили кои мерцедес бил присилен да ги остави на локацијата а чија вкупна вредност изнесува скоро милијарда евра.

Причината не е потполно јасна но новинарите на радио „Бермен“ откриваат дека се работи за возила кои се произведени во американската фабрика во Алабама кои во производството не ги задоволувале стандардите на Мерцедес.

На поранешниот воен аеродром, веќе со месеци шлепери постојано носат огромни количини на нови возила. Површината на која се наоѓаат автомобилите е многу добро заштитена и покриена е со видео надзор.

Поради високите трошоци, Мерцедес бил принуден да ги „погреба“ овие автомобили бидејќи не се исплатело да се доработуваат.

Од Мерцедес велат дека се работи за нормален процес во производството и дека логистички зони од ваков тип се сосема нормални за привремено складирање на автомобилите.

%d bloggers like this: