Browse By

Advertising

ФН: РОДЕНО ПРВОТО СЕВЕРНОМАКЕДОНЧЕ: Заев му подари бугарски пасош и карта за Германија

Добри вести од Северна Македонија. Само неколку часа по промената на името во комплексот на клиники се роди и првото Северномакедонче, трето дете на Марија и Ѓорѓи од Козле. Другите две деца се Македонци.

„Како што реков, обезведивме иднина. Па затоа на првороденото Северномакедонче му подарив бугарски пасош и карта за Германија. За сигурна иднина“ изјави Заев.

За раѓањето на првото плишано мече ќе почекаме
Екипата на Фчерашни им ја честита третата рожба на Марија и Ѓорѓи.
Извор: FN.mk