October 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Само вчера двајца биле каснати од куче, неколку совети за граѓаните

На 03.06.2019 година во 11,20 часот во Полициската станица Центар Т.Б.(74) од Скопје, пријавил дека на Плоштад Македонија бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
На 03.06.2019 година во 15,30 часот во Полициската станица Центар Т.Ѓ.(32) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот на Кеј “13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Град Скопје и “Комунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Како што известуваат градските власти, на годишно ниво има по десетина тужби од граѓани поради напади од бездомни кучиња.

Просечно во Скопје секој ден се уловуваат од 120 до 170 кучиња скитници, а дел од нив повторно се враќаат на улица. Кучињата кои што и по две недели нема кој да ги вдоми, се враќаат на местото од каде што се уловени. Во 2015 година биле вдомени 175 кучиња.

Доколку случајот дојде на суд, практиката покажува дека граѓанинот за претрпени физички болки може да добие отштета од 35.000 денари, за претрпен страв 30.000 денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од 20.000 денари и за нагрденост износ од 5.000 денари или вкупен износ од 90.000 денари.

%d bloggers like this: