October 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Самохpана мајка на четири деца од „Европска Македонија“: Лебот го ставам во вода за да омекне за да можам да ги нахранам моите деца

Шестчлено семејство од Тетово се прехранува со бајата храна, која им ја даваат од околните пекари, јавува телевизија „Телма“.

Ѓевреците и переците се тврди, па мајката Љатвије ги става во вода да омекнат, за да може да ги нахрани нејзините четири деца.

Таа вели дека ова им е единствената храна. Фрижидерот е празен, во него чува по неколку пакетчиња макарони, кои им го даваат соседите. Пари за да купи храна нема.

Без работа е, а нејзинот сопруг ги напуштил пред 5 години, за него вели ниту слушнала, ниту пак знае каде е. Единствено примање и е додаток за трето дете, пари со кои ја плаќа киријата за станот во кој живее.

Со Љатвије живее и нејзината свекрва, болеста ја врзува за креветот. Пред неа има еден куп таблети за разни болести. Побарала помош за туѓа нега, но веќе трета година нема позитивен одговор.

Извор: Телма

%d bloggers like this: