Се греат со шише топла вода во раце, живеат во беда: Со солзи во очите вели: Животно не живее во овие услови, а не човек
February 24, 2020

Булевар

На вистинското место

Се греат со шише топла вода во раце, живеат во беда: Со солзи во очите вели: Животно не живее во овие услови, а не човек

24 Телевизија со сторија која ќе ве расплаче. Во одаја која повеќе личи на пештера, отколку на соба, 40. годишниот Јордан Јованов го прослави својот именден. Немаше ниту славеничка песна, ниту радост во неговиот дом бидејќи тој и неговата мајка живеат во ужасни услови.

Јордан нема пријатели, ниту колеги од работа. Единствен другар му е неговата неподвижна мајка. Студот е секојдневие за овие луѓе. Седат во ладно и се греат со шише топла вода во раце.

Палиме ќумбе 2 саати и тоа е, нема повеќе, се топли со вода мајка ми. Животно не живее во овие услови, а не човек. Тие живеат со 11. илјади денари кои ги добиваат како нега. Неговата мајка доживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет.

Не знам како сум жива. Ова не е живот, не се живее вака, вели мајката низ солзи.

Тој вели дека неговата мајка е неподвижна и не работи бидејќи нема кој да ја чува неа. Никогаш не побарал помош од државата, но низ солзи раскажува дека му е очајно потребна помош.

Извор: ТВ 24

Се надеваме дека институциите ќе имаат слух и ќе му излезат во пресрет на ова семејство

%d bloggers like this: