December 7, 2019

Булевар

На вистинското место

„Што е твое ќе си дојде, така и он “

„Ех, да не си таква каква што си. Да имаше барем некоја слична на тебе.. па тогаш нека се лепат малоумните на неа, наместо на тебе.  Затоа што тоа студено срце не копнее за некои избледени и ниски зборови. Ти копнееш за страст девојко!
Посакуваш се околу тебе да претставува адреналин а ти да лудуваш со него во доцните часови. Ти треба некој што ќе те разбере онака како што навистина постапува една сталожена личност. Без предрасуди, без обвиненија. Само ти и он.
Доволно е од опкружението на недораснати дечишта со само една мисла во главата. Решение пронаоѓаш во тоа да се тргнеш од секојдневните ситуации, и рутината да завршиш со некој од тие празноглави момци. Спасот ти е во зрела особа со здрав памет и однесување на место. Ма не е се во тие два “нежни” зборови кои едвај успеваат да ги состават, има нешто и во искреноста и почитта.
Па и замислувам некој со остар карактер како твојот, целосно луди и своеглави и двајцата. Па добро, во тие години си.. тоа е тоа што најмногу ти треба! Што е твое ќе си дојде, така и он. Без тревоги и возбуда. Искуството се мери во години, затоа што годините си го прават своето.
А ти, ти ги немаш тие години, уживаш во моментите што ги поседуваш токму сега. Не си ни самата свесна што би се случило во иднина.  Живееш за денес и сега, секогаш млада, секогаш дива.“

– Магдее Симоновска

%d bloggers like this: