January 21, 2020

Булевар

На вистинското место

Сиромаштија невидлива за системот: Со бебе смрзнуваат и гладуваат

Во малата куќичка на Симона и Јовица Трајковски во скопски Петровец веќе година и седум месеци нема струја. Се насобрал долг од 360 000 денари кои тие не можат да ги отплатат, па ЕВН има ја прекинала струјата. Дома се тројца. Студот го чувстувавме силно оти малото оганче не изгледа доволно. А,во креветот заспан не дочека третиот член – тримесечното бебе Јоаким. Светлото од нашата камера е првото светло кое Јоаким го виде оти без струја се откако е роден.

„Многу ми е тешко“, низ солзи вели Симона Трајковска.

Јоаким е предвреме родено бебе. Бебе за кое се немаат пари ниту за млеко.

Јовица бил професионален војник. Се борел и во 2001 година. Во битка го загубил слухот, но лекарската комисија не му дала инвалидска пензија. А без слух не е подобен за речиси ниедна работа, работа кој непрестајно ја бара.

%d bloggers like this: