August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Скопје Прајд 2019: Поддршката е посилна од омразата, се гледаме на 29 јуни!

Откако објавивме дека ќе го одржиме првиот Скопје Прајд, евидентни беа обидите со омраза да се засени пораката за еднаквост и да се потцени можноста за зголемување на свесноста за хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

Но и покрај тоа, добивме голема поддршка и многумина нè контактираат да ни кажат дека ќе дојдат со нас на 29-ти јуни, да го изодиме маршот – во спомен на сите борци за човековите права на ЛГБТИ заедницата во минатото, со поддршка на сите маргинализирани групи и борци за човековите права во оваа дестабилизирана сегашност и со идеја за општество каде сите ќе се еднакви – за идните генерации.

%d bloggers like this: