November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Слатка победа на Рикардио за Ред Бул на денешното Гран При во Кина

Ухх каква трка , дефинитивно една од повозбудливите трки во Формула 1 .Ред бул и Рикардио се надминаа додека Ферари доживеа “нокаут“ а Мерцедес беше една голема смешка . Тоа е Кинеското Гран При полно со изненадувања на стартот на тренинзите гледавме една сосема различна перцепција од ова денеска што се случи .Првиот и вториот тренинг доминираа Мерцедес убедливо додека во третиот тренинг Ферари го извади најдоброто од својот болид, а пак Ред Бул се соочуваа со преголеми проблеми, болидот на Рикардио на кој му откажа единицата за турбо-сила во третиот тренинг, на само 2 часа до квалификациите .Ферари го запечати предниот ред 1-2 додека Мерцедес беа на само чекор до нив .Механичарите на Ред Бул за само 2 часа го комплетираа целиот мотор на болидот на Рикардио со кој ги помина квалификациите.

Целото светло беше насочено кон Гастли возачот на Торо-Росо каде што минатата трка заврши 4ти и ги освои првите поени за тимот, но овој пат не беше херој или како што гласеше статијата на формула 1 “from hero to zero” во превод : Од херој до ништо . На квалификациите заврши 17 каде што имаше лош резултат , на трката се судри со неговиот тимски колега Хартлеј поради недоразбирање преку радиото и боксот .
Голема грешка на Ферари е што Себастијан Фетел проба во првиот свиок на патеката да го затвори неговиот тимски колега Раиконен со кој ја изгуби 2та позиција и веднаш позицијата ја превзема возачот на Мерцедес Валтери Ботас. Ферари ја продолжи трката но втората грешка што ја направија беше “andercut“. “Delta Time“ овој поим означува колкава временска дистанца има возачот позади него минус времете поминато во боксот односно колку време се задржува за да искочи пред него, претекнувањето од боксот или болидот да искочи пред болидот кој е зад себе се нарекува”andercut”.Ферари не го пресмета доволно добро со тоа што Финецот Ботас ја завзема првата позиција . Но по ударот двата болиди на Торо-росо каде што имаше остатоци на стазата се вклучија жолтите знамиња. Ферари и Мерцедес не можеа да ги искористат овие знамиња за да влезат во бокс и да ги освежат гумите поради тоа што беа далеку од бокс станиците, но Ред Бул успеа затоа што позиција зад нив .

Ред Бул ја покажа својата моќ и им објасни како се прави стратегија од како двата болида влегоа во боксот еден позади друг и ставија полесни гуми односно софт компонента која е полесна и има поголем “grip” односно дава поголема тракција и контрола на болидот.Тука се случи расплетот Рикардио стапи на сцена и ги помина сите конкуренти како на игра, додека Верстапен направи идиотски потег со кој Ред Бул ја изгуби 1-2 победата која ја имаа во раце и го прати болидот на Ферари односно Фетел на 8та позиција , од како се судрија во свиокот “Hair Pin“ .Фетел му остави простор на младиот Верстапен кој доаѓеше од позадина со неговиот Ред Бул и закочи многу касно што донесе до судар помеѓу двата болиди.На крајот заслугите за трката секако идат кај шефот за стратегијата на Ред Бул и тимот кој за 2 часа го склопи целосниот болид .

%d bloggers like this: