November 12, 2019

Булевар

На вистинското место

Со „БМВ“ покосил две девојки кај Олимписки, па избегал од местото на несpеќата

Вчера попладне на бул. „Кочо Рацин“, пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, во близина на Олимпискиот базен, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П. (48) од Скопје, удрило во пешаците А.З. (22) и С.Т. (21), двете од Скопје.

А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.

Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

%d bloggers like this: