November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Со оваа супербаба нема шегување: Влезе крадец во продавницата на Џун (82) и доби ќотек

Разбојник кој влезе во една продавница во Велика Британија, во која работи 82-годишната продавачка Џун Тарнер, воопшто не насетуваше дека ќе добие ќотек додека го изнесуваше својот плен.

Имено, иако станува збор за бабичка во поодминати години, Џун покажа дека годините навистина се само број и не дозволи грабежот на нејзината продавница да помине неказнето.

На снимката од безбедносните камери се гледа дека бабата Џун без двоумење го извади својот алуминиумски бастум за одење и почна да го удира дрскиот крадец кој се трудеше лицето да му остане покриено.

По јуначката борба со 28-годишниот крадец, кој Џун ја турна и побегна со парите и цигарите, бабата заврши со модрица на окото, но за среќа без тешки повреди.
Како што подоцна објасни Џун, без размислување сето тоа повторно би го направила, а за 45 години колку што го води овој дуќан во еден град во Страфдшир, никогаш немала сличен инцидент се до минатиот вторник.

%d bloggers like this: