fbpx
Самсоненко се прости од Вардар

Самсоненко се прости од Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својот официјален веб-сајт објави соопштение со кое ја информираше јавноста дека Сергеј Самсоненко донел одлука за повлекување.Самсоненко го презеде Вардар во 2014-тата година од Град Скопје и во тој период успеа да го консолидира клубот и заедно со своите соработници да го постигне најголемиот успех во македонскиот клупски фудбал со пласманот во групната фаза од Лига Европа кога беше елиминиран турскиот гигант Фенербахче. Во домашното првенство црвено-црните освоија три шампионски титули а во моментот се лидер на табелата во прекинатото домашно првенство. „Наспроти нашиот труд и посветеност се јавија потешкотии за одржување на клубот од финансиски аспект со кои јас лично, секојдневно веќе втора година се соочувам… „Со цел да ја заштитам иднината на ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје…. Воедно, ја информирам јавноста дека ги преземам сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отворам патот за новите инвеститори“…Ја образложи својата одлука Самсоненко

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: