November 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Студено и ветровито време, попладне снег на пониските места

Времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет.

Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од еден до 10 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува северен ветер. Утринската и дневната температура ќе достигнат до шест степени.

Во четврток времето ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.

%d bloggers like this: