July 16, 2019

Булевар

На вистинското место

Сведок за денешната случка кај обиколницата: Десет минути никој не сакаше да ми помогне, ме прелетуваа со 150 км на час

Статус на Трајче Мешков во групата Ѕид на сообраќајниот срам во кој опишува каква била ситуацијата денес при собраќајката на скопската обиколница.

Краток осврт на денешна сообраќајна незгода :

Локација , сам почеток на обиколница од страна на Тетово према Скопје (некаде кај волково). Учесници 2 камиона од кои едниот се забива во задниот дел на другиот ….

Јас дојден прв ,само неколку мига после сообраќајката, Шоферот и совозачот (дете од 10 години) приклештени од ударот не можат да мрднат (воланот беше буквално кај вратот на шоферот)

Не беа повредени лошо но беа многу незгодно заглавени ….

Викнав полиција , пожарна и брза помош веднаш ….

Поентата на постот е следнава :
САКАМ ДА ГИ ПОЗДРАВАМ СИТЕ ОНИЕ 100/150 ВОЗИЛА КОИ ПРОБАВ ДА ГИ ЗАПРАМ ДА МИ ПОМОГНАТ, А МЕ ПРЕЛЕТАА СО 140/150 …. НИКОЈ, БУЛВАЛНО НИКОЈ НЕ ЗАПРА 10 МИНУТИ …..

Први на помош група “волци” или “тигри” во полициско возило кое запра од другата насока од автопатот … секоја чест момци

СЕ НАДЕВАМ НА БРЗО ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ….

%d bloggers like this: