November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Татко ги трошел донациите за своето тешко болно дете на коцка и жени (ВИДЕО)

Двегодишното детенце почина минатата недела од невромускулна болест , откако неговиот татко ги потрошил донираните пари на забава, наместо за негово лекување.

Малиот Жоао Мигел Алвес почина на 17 октомври по долготрајната борба со рбетно мускулна атрофија. Полицијата го уапси неговиот татко Матеус Хенрике Лерој Алвеш (37) неколку месеци порано, на 22 јули, една недела откако тој беше пријавен од неговата сопруга.

Тој бил пронајден во луксузен хотел каде престојувал скоро два месеци, откако потрошил 150.000 американски долари на дизајнерска облека, часовници, дрога, проститутки и пијалоци, тврдат локалните медиуми, пренесува „Дејли меил“.

Лекарите му дијагностицирале на малиот Жоао атрофија на ‘рбетниот мускул (СМА) кога имал само седум месеци. Матеус и неговата сопруга Карин Родригес ја објавиле својата тешка состојба на социјалните мрежи во 2018 година за да соберат пари за негов третман , но таткото ги собрал и ги потрошил за забава.

%d bloggers like this: